April 19, 2024, 10:14 am

УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР ПОВИКАН ВО МНР: Димитров се обидел да добие точна локација на Груевски, амбасадорот не верувал дека институциите не знаат каде се наоѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински хаос владее во пиар тимот на Министерството за надворешни работи, откако екс-премиерот Никола Груевски преку социјалните мрежи соопшти дека тој повеќе не се наоѓа во Македонија, туку е во Будимпешта од каде што побарал и политички азил

 

Според официјалните информации, македонското МНР до сега нема точна информација дали Груевски се наоѓа во Унгарија. Тие, но и МВР не регистрирале излез на екс-премиерот на ниту еден граничен премин.

“Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на г-динот Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата” се вели во соопштението на МНР.

Неофицијално пак, Димитров информацијата ја имал и претходно, а за да ја потврди го повикал и амбасадорот на Унгарија на средба во Министерството за надворешни работи. Бидејќи амбасадорот не бил во Македонија, туку на службен пат, во МНР пристигнал заменик амбасадорот на земјата, на која наводно ја потврдил информацијата.

„На средбата биле присутни и други високи претставници на МНР кои пред заменикот амбасадор навестиле дека Македонија може да преземе соодветни мерки доколку официјална Будимпешта го одобри барањето за политички азил.

На средбата министерот Димитров добил прашање дали МНР е сигурно дека други институции од Македонија немале информации за движењето на бараното лице.

Министерот Димитров немал коментар на прашањето на заменикот амбасадор на Унгарија во земјава.

Министерството нагласува дека веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана.

Досега МНР не објави детали за средбата со претставници на унгарската амбасада.“ – пренесе Експрес.мк

Инфомакс.мк побара одговор од кабинетот на министерот Никола Димитров, од каде не добивме конкретна информација за настанот, но најавија дека подоцна ќе излезат и со официјално соопштение.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This