УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ ОБЈАВУВААТ: Груевски ја преминал границата како женско и облечен во женска облека

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарските медиуми се полни со вести за бегс твото на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на унгарскиот премиер демантирал дека Виктор Орбан се сретнал со експремиерот Никола Груевски.

„Премиерот вчера се врати дома, се сретна со две лица, но не и со човекот за кого прашувате“, рекол Бертланд Хаваси, кој е дел од кабинетот на Орбан за тамошните медиуми.

Според унгарските новинари со кои контактирале од „Макфакс“, Груевски во земјата, најверојатно, пристигнал во петокот. Тие велат дека би биле изненадени доколку Груевски се наоѓа во резиденцијата на Орбан. Новинарот Золт Кернер од „24.ху“ за „Макфакс“ вели дека првите денови од престојот во Будимпешта, Груевски ги поминал во хотелот Кемпински во Будимпешта.

„Пред неколку месеци Владата воведе измени во Законот за имиграција. Според оваа процедура, во истиот момент кога ќе ја преминел границата, Владата требало да го врати Груевски назад во Македонија или во Србија доколку навистина пристигнал во земјата преку Србија бидејќи двете се сметаат за безбедни земји. Ако Србија одбие да го прифати, дури тогаш ќе треба да почне процедурата за азил. Ова е вообичаената процедура за барателите на азил. Целата процедура треба да заврши во рок од 60 дена или ако е по брза постапка, за 15 дена. Ние не добивме информација која процедура е избрана“, вели новинарот Кернер.

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти според нивните критериуми, тој доаѓал од безбедна земја.

Унгарските медиуми пренесуваат различни информации за бегството на Груевски. Најголемиот унгарски весник index.hu пренесува дека Груевски ја преминал унгарската граница облечен во женска облека. Весникот, повикувајќи се на македонски медиуми, пренесува и за а псењето на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, бидејќи постоел ризик тие да избегаат исто како Груевски. Интересно е дека поголем број унгарски медиуми се повикуваат на официјални изјави од македонските власти, е на на унгарските.

Во унгарските медиуми тешко е да се прочита критичка сторија за владеењето на Орбан.

Фотографијата е направена на интернет апликација и не е веродостојна.

Превземено од 1 тв мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This