УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ СО ДЕТАЛИ: Азилот е одобрен – ова се деталите од постапката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот весник „Маѓар Идок“ објави дека унгарсиката Канцеларија за имиграција и азил го одобрила барањето на Никола Груевски за политички азил во Унгарија.
Споерд весникот, канцеларијата спровела детална истрагата во барањето на Груевски, вклучително и неговите наводи дека примил закани по неговиот живот во Македонија. Во барањето за азил било наведено дека Груевски е цел на политички прогон од страна на македонската Влада.

– Канцеларијата заклучила дека, доколку се врати во Македонија, Груевски ќе биде изложен на прогон од страна на власта поради неговите политички активности, пишува весникот.

Груевски првпат се сретнал со унгарските власти во Будимпешта на 12 ноември, кога детално им ги навел причините за неговото напуштање на Македонија, вклучително и голем број сериозни неправилности во
судските процеси што се водат против него, и незаконски донесени одлуки кои воделе кон тоа да се лиши од слобода. Барањето било поднесено во унгарската амбасада во Тирана, од каде тој допатувал во Унгарија со возило, преку Црна Гора и Србија, користејќи ја својата лична карта и документ издаден од унгарските власти со кој му било овозможено да допатува до Будимпешта.

Весникот ги наведува и сериозните забелешки за судството во Република Македонија, нотирани во извештајот на Европската комисија од 2018 година, како и во други релевантни извештаи. Било разгледувано како судските случаи биле доделувани на одредени судии за кои се смета дека биле под политичко влијание, пишува „Маѓар Идок“.

Именувањето на новиот претседател на Кривичниот суд во Скопје, забрзувањето на петте процеси што се водат против Груевски, одбивањето на Грција да ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошковски кои исто така се обвинети од страна на СЈО, однесувањето на судијката Добрила Кацарска  во случајот со набавката на блиндираниот мерцедес и брзината со која биле носени решенија против Груевски се само дел од примерите кои биле разгледувани.

Груевски посочил и на настанот кога Заев ја најави пресудата против него, а биле разгледувани и тврдења дека на Груевски му било нудено одложување на извршувањето казна затвор доколку гласа за менувањето на Уставот и преименувањето на Република Македонија.

Меѓу посочените аргументи е и фактот дека во десетте години како премиер на Република Македонија, Груевски бил заслужен за серија акции против организирани криминални групи, при што голем број криминалци се уште се наоѓаат во затвор. Во овие околности, било очекувано дека тој
може да биде цел на нивни напади доколку биде испратен во затвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This