УНГАРСКИ НОВИНАР: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од Владата на Виктор Орбан. Тој работи во веб порталот 444.hu, Ерделај КОЈ се занимава со истражувачки теми, национална безбедност и корупција.

Како и за секој друг новинар, случајот со бегството на премиерот Никола Груевски во Будимпешта предизвик за пишување и истражување, но толкувањата за тоа како и зошто се случило бегството се различни. За Унгарија е познато дека Виктор Орбан под своја контрола ги држи најголемите телевизиски куќи.

„Најкратко кажано, унгарските медиуми се поделени на провладини и на независни, иако ситуацијата е малку пок омплицирана од тоа. Медиумите контролирани од власта, кои се мнозинство, спинуваат многу наративи за барањето на политички азил на вашиот поранешен премиер, особено дека Груевски бил таргетиран од Сорос, кој е третиран како ‘веш терка’ во Унгарија, исто како и во Македонија. Независните медиуми се изненадени или шо кирани од веста. Никогаш досега сме немале сличен случај и како што тој се развива, така станува сè поинтересно, посмешно и позабавно“, вели Ердалај.
INTERVIEW/DEBATE(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во МоскваОбјавено пред 22 минути – 17 ноември, 2018Од Мери Јордановска

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од Владата на Виктор Орбан. Тој работи во веб порталот 444.hu, кој има над 350 илјади посети дневно, а Ерделај се занимава со истражувачки теми, национална безбедност и корупција.

Како и за секој друг новинар, случајот со бегството на премиерот Никола Груевски во Будимпешта и барањето политички азил во државата која остро се противеше на влезот на мигрантите, е предизвик за пишување и истражување, но толкувањата за тоа како и зошто се случило бегството се различни, во зависност од тоа во чии раце се медиумите. За Унгарија е познато дека Виктор Орбан под своја контрола ги држи најголемите телевизиски куќи, слично како и за време на владеењето на Груевски, кога со владини реклами буквално се купуваа и правеа вестите. Тоа е само една од сличностите во владеењето на Орбан и на Груевски. Втората сличност, е анти-Сорос пропагандата.

Со познатиот унгарски истражувачки новинар разговаравме за начинот на кој медумите во Унгарија го третираат барањето за азил на поранешниот премиер Груевски, за инволвираноста на Орбан во целиот случај и за можните понатамошни сценарија.

„Најкратко кажано, унгарските медиуми се поделени на провладини и на независни, иако ситуацијата е малку покомплицирана од тоа. Медиумите контролирани од власта, кои се мнозинство, спинуваат многу наративи за барањето на политички азил на вашиот поранешен премиер, особено дека Груевски бил таргетиран од Сорос, кој е третиран како ‘вештерка’ во Унгарија, исто како и во Македонија. Независните медиуми се изненадени или шокирани од веста. Никогаш досега сме немале сличен случај и како што тој се развива, така станува сè поинтересно, посмешно и позабавно“, вели Ердалај за „Макфакс“.

Тој вели дека „би се кладел“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан до некој степен е вмешан во организирањето на бег ството на Груевски, особено по обелоденувањето на информациите дека тој се движел со дипломатско возило од унгарската амбасада во Тирана, од каде што го продолжил патот во Црна Гора.

„Не знам дали ќе добие азил, но чудно би било власта да потроши толку пари и политички капитал за да го донесе тука, а потоа да му го одбие барањето. Мое мислење е дека процесот ќе се развлекува, а потоа ќе „исчезне“ од видикот на унгарските власти, за тие да не ја направат тешката одлука. Можеби Груевски ќе заврши во Москва, но сето ова се нагаѓања, тешко е да се предвиди конечниот епилог“, смета тој.

Сепак, со оглед на политичката ситуација во Унгарија, каде што ретко се преземаат одлуки без зелено светло од кабинетот на премиерот, Ерделај смета дека Груевски не би можел ниту да побара азил без тоа да го знае лично тамошниот премиер Орбан.

„Чисто се сомневам дека било кој од Канцеларијата за имиграција би направил било каква одлука за Груевски без да побара насоки од кабинетот на премиерот. Ова е чувствителна тема, зошто некој би ризикувал да направи „погрешна“ одлука? Оттаму би се кладел дека Орбан е замешан до некој степен“, вели унгарскиот новинар.

На прашањето дали ваквите одлуки на Унгарија би ја нарушиле позицијата на земјата во Европската унија, Ерделај без многу размислување вели дека ова нема да биде првпат Унгарија да носи одлуки кои можеби не се дочекуваат со раширени раце од страна на ЕУ.

„Дури и ЕУ да се противи на одлуката, а не се сомневам дека не им се допаѓа, што можат да сторат? Ваквите случаи не можат да се решаваат на ниво на ЕУ, па дури и да можеа, Орбан знае да ги прекршува стандардите на ЕУ и на НАТО и повторно се извлекува“, смета тој.

Превземено од Макфакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This