УНГАРЦИ БАРААТ НЕЗАВИСНОСТ ВО РОМАНИЈА: 3.000 Унгарци бараат автономија во Романија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 3000 етнички Унгарци протесираа во саботата барајќи автономија од Романија. Унгарците во Романија живеат во регионот попознат како Трансилванија, централен дел од Романија кој во минатото бил дел од Унгарија.

Трансилванија стана дел од Романија по мировниот договор на крајот од Првата Светска Војна. За време на Втората Светска Војна, Унгарија го доби повторно назад, но Романија го поврати по крајот на војната.

Унгарците во Романија протестираа за независност на регионот Сзеклерланд, субрегион на Трансилванија. Во овој регион има околу 600 илјади етнички Унгарци кој прават 75 проценти од популацијата во регионот. Во цела Романија има околу 1.2 милиони етнички Унгарци од вкупната популација која изнесува 19 милиони жители. За протестите Романците обвинуваат луѓе блиски до Орбан.

Властите во Букурешт велат дека барањата се неприфатливи и неуставни, додека, но Националниот Совет на областа Сзеклер вели дека автономијата која ја бараат не ја повредува унитарноста на Романија или пак интересите на романците и најважно од се не е спротивно на уставот на Романија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This