УНЕСКО БАРА УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ:ОПШТИНА ОХРИД ПОЧНА ДА ГИ ОСТРАНУВА ПАЛМИТЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска охридските комуналци ќе почнат со корнење на палмите што успеаа да преживеат во изминативе три години. Во Охрид останати се стотина палмим, од кои најголем дел се на самиот езерски брег. Досега околу 150 се исушија или измрзнаа.

„Ние постапуваме според препораките на УНЕСКО за остранување на неавтохтоните палми. Останаа од 80 до 100 палми. Ангажиравме доволен број работници и механизација. Сметаме дека за корнење на сите палми ќе ни требаат три дена”, ни изјави директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.

Во Охрид, најмногу на езерскиот брег во 2016 беа засадени околу 250 палми.

Во 2015 години ЈП „Македонски шуми“ почна со проектот за засење на палми низ повеќе градови низ земјата . Беа набавени вкупно 1.100 плами.

Поради недоволниот напредок до решавањето на проблемите и земајќи ги предвид постојаните закани и големите инфраструктурни и развојни проекти, кои што претставуваат потенцијална опа сност, УНЕСКО во најновиот извештај препорачува да го стави Природното и културното наследство на Охридскиот Регион на Листата на загр озено светско наследство. Извештајот треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско насле дство во Баку од 30 јуни до 10 јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This