April 25, 2024, 11:30 am

УНЕСКО за состојбата во Охрид посветил 200 страни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извештајот на УНЕСКО е голем срам за државата и некој конечно мора да сноси одговорност зошто ништо не е преземено од 2017 година па наваму.

Новите забелешки се напишани на повеќе од 200 страници и утре ќе бидат испорачани на општина Охрид.

УНЕСКО укажува на недоволната заштита на старата градска архитектура, несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти, дивоградбите долж крајбрежјето, поставувањето урбана опрема околу најзначајните знаменитости во градот.

Автентичните детали се заменети со модерни сончеви колектори, нарушени се визурите на старите објекти, поставени се тенди на летните тераси околу црквата Света Софија.

Острите препораки на УНЕСКО се само доказ за децениското постапување на институциите спротивно на меѓународните принципи. Сѐ поизвесно е дека на следната сесија, Охрид ќе заврши на листата на загрозено подрачје во опасност.

Во извештајот има препораки за целосна забрана за градба, уривање на дивоградбите, отстранување на објектите кои функционираат како плажи.

Се бара и реконструкција на пешачката патека која го поврзува каналот Студенчишта со Горица затоа што е прекината природната врска меѓу езерото и блатото.

По добивањето на забелешките институциите ќе треба во одреден рок да подготват одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This