УНИВЕРЗАЛНА ЌЕ ОСТАНЕ ЌУМЕЗ: Владата на СДС ја блокираше изградбата на Универзалната сала!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа есен требаше да се изврши целосна реконструкција на Универзалната сала, но одлуката на Владата на СДСМ да ги скрати парите, го стопира проектот. Министерството за финансии, со ребалансот, ги укина парите за обновата предвидени во буџетот за 2017-та година. По неколку години откако Универзалната сала не е во функција, граѓаните веќе чувствуваат празнина и потребата за ваков простор за настани. Со својата историја и реноме зад себе, Универзалната сала е многу значаен објект од културата во главниот град. Но, апосолутната моќ на министерот Роберт Алаѓозовски во одлучувањето во културата и скандалозниот ребаланс на буџетот и неговото крајно непрофесионално работење во изминатиот период наместо унапредување на културата во државата за многу кратко време има тренд на уназадување на културата и културниот развој. Тој преку превземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности во краток рок ја уназади културата.

Инаку, во буџетот за 2017-та година за Универзална сала биле предвидени 35 милиони денари. Од нив во првите четири месеци од годинава се потрошени 11.200.000 денари, за потребите за проект за изградба на нов објект. Тие се веќе исплатени, а останатите пари се укинати од страна на министерот Алаѓозовски затоа што министерството за култура оценило дека се работи за проект кој не е реализиран и не е во нивна надлежност.

Универзалната сала не е од интерес само на Град Скопје бидејќи е објект или институција низ којшто поминале сите позначајни музичари, театарски уметници и светски ѕвезди како што е Реј Чарлс кој беше гостин на реномираниот Скопскиот џез фестивал. Токму затоа претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ пристапи кон активности за реконструкција на салата со оглед на тоа што таа е затворена и не е во функција веќе подолг период, додека министерот Алаѓозовски повторно покажа незинтересираност кон културните објекти кои што се од огромно значење за граѓаните. Тој без чувство за културата се фрли на политички пресметки.

-Се изработи еден проект во форма на јајце, којшто се покажа како многу скап. Бидејќи беше многу скап, владата одлучи да се направи нов проект конгресен центар “Александар Македонски” кој што чини 12 милиони денари само проектот, без ДДВ, додека вредноста за реализација на тој проект е околу 15 милиони евра, исто така без ДДВ. Меѓутоа, за жал, со ребалансот и покрај нашето инсистирање и укажувањето во Министерството за култура средствата беа укинати. Веќе не постојат средства за реализација на овој проект – изјави неодамна градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Тој апелираше до министерот Алаѓозовски и владата на Заев да ја преиспитаат својата одлука и градот Скопје да не го остават без Универзална сала.

Инаку проектот што го изработи претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ предвидува целосно реконструирање на постојната, централна сала која што се простира на 4000 квадратни метри и би имала 1400 седишта. Планиран бил и нов ентериер, како и нов влезен хол и фоаје, нова покривна купола и галериски простор, како и модерна сценска технологија и механика. На дополнителни 4000 квадрати во проектот било планирано сегашниот објект да го опкружуваат нови сали, односно нова повеќенаменска сала со 200 седишта, конгресна сала со 120 седишта, четири мултимедијални сали со капацитет од 30 до 40 седишта и шест простории за билатерални средби. Доколку проектот не беше стопиран, ќе се доградуваа и простории за администрација и други придружни простории, како и паркинг на две нивоа од околу 5000 квадратни метри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This