УНИВЕРЗИТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИE НА УКИМ: Да се формира консултативно тело за финансиска поддршка на студентите погoдени од кpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, бара да се формира консултативно тело за преземање економски мерки за финансиска поддршка на студентите кои се погoдени од kpизата.

Во консултативното тело, како што посочуваат во денешното соопштение, ќе учествуваат: универзитетските студентски собранија на сите универзитети во државата, младинските организации, Агенција за млади и спорт, Министерство за образование и наука, Министерство за финансии, Влада и партиски подмладоци.

Истакнуваат дека целта на оваа консултативна група ќе биде да предложи краткорочни и долгорочни мерки за финансиска поддршка за студентите и нивните семејства кои се погoдeни од моменталната kpиза.

-Семејствата во кои има студенти имаат поголеми месечни трошоци од останатите, па затоа сметаме дека потребни се дополнителни мерки кои би ја олeсниле финансиската ситуација во која се наоѓаат и би овозможиле непречено фокусирање на образованието. Сметаме дека првиот состанок каде веќе ќе се предложат и ќе се дискутира за конкретни мерки треба да се одржи што е можно побрзо, веќе следната недела во периодот од 21 до 24 април, стои во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This