Унивepзитeтoт Оксфорд co нoвo иcтpaжyвaњe: Meшaњe нa paзлични вakцини пpoтив Koвид?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетот Оксфорд бара волонтери за прво светско истражување со кое треба да одреди ефикасноста на вакцинирање луѓе против Koвид-19 со прва доза од една вакцина, а втората доза од друга вакцина, пишува Градијан.

Студијата која ќе ја спроведе Универзитетот од Охсфорд е финансирана од работната група за вакцинација на владата на Велика Британија од министрите е опишана како „многу значајна“.

Во испитувањето ќе бидат регрутирани 820 луѓе постари од педесет години, кои се уште не се вакцинирани, да ја примат првата доза или од Оксфорд/АстраЗенека или од Фајзер/БиоНТек. Некои луѓе потоа ќе добијат алтернативна вакцина при второто вакцинирање, кое ќе биде закажано за дванаесет недели, а другите ќе ја добијат истата вакцина. На луѓето ќе им кажат при примање на втората доза дека вакцината што претходно ја примиле ја нема и дека може да им се даде од друга.

Научниците сакаат да знаат дали заштитата со мешање на вакцините е иста, дали е намалена или е подобрена, споредено со давање две дози од иста вакцина.

Научниците сметаат дека резултатите кои ќе ги добијат од истражувањето ќе биде корисно за целиот свет, бидејќи стабилно снабдување со вакцини против коронавирусот е во прашање.

Постои можност луѓето што ќе добијат две различни вакцини може да даде подобра заштита против позаразните варијанти на Ковид, кои веќе се присутни во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This