УНИШТЕНИ НАД 80% ОД ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ: Невремето предизвика огромна штeта во преспаскиот регион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невремето од силен ветер, дожд и град што пред 20-тина дена го зафати Преспанскиот регион предизвикало 80 до 100 проценти штeта кај земјоделските култури и овошните насади, покажуваат првите проценки на Општинската Комисија за штeта формирана непосредно по невремето.

Според првичните проценки, како што информира за МИА, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски зафатени се 420 хектари површина во реонот на Долна Преспа, на потегот кон граничниот премин „Маркова нога“.

Комисијата, појасни, направила проценка за штeтата во основното училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, како и на подрачните училишта во Крани, Наколец и Штрбово, со цел до 1 септември да бидат оспособени за почеток на школската година.

Првично направивме проценка на штeтaта на училиштата и побаравме од Владата средства за нивно оспособување за почетокот на учебната година. За санација на штeтата во основното училиште во Љубојно и подрачните во Крани, Наколец и Штрбово потребни се околу еден милион денари – истакна Гошаревски.

Допрва, нагласи градоначалникот, ќе се прави детална анализа врз уништените јаболкови насади, бидејќи стеблата претрпеле повеќе годишна штета.

Пријавувањето за штетите предизвикани од невремето што ја зафати Долна Преспа на 10 јули е во тек и ќе трае до 5 август.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This