March 29, 2024, 12:16 am

УНИШТЕНО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ: Со потпис на Златко Марин уништено детско игралиште и парк за да се гради зграда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна синоќа во детскиот парк наспроти „Тобак 2“ во општината Аеродром, фирма која добила дозвола за изградба на стамбени објекти започна со рушење на детското игралиште на кое, како што велат граѓаните, пораснаа многу генерации

„Со потпис на #ЗлаткоМарин се издаде одобрение за градба на нови 250 станови кај Тобако 2. Детското игралиште на кое пораснаа генерации дечиња оди во историјата. #ДојдеЖивот за #Сдсм и Златко Марин! Нека ни е на здравје аеродромци!“ – пишуваат жителите на општината на социјалните мрежи.

Во истата ФБ група, во која жителите на општината ги пријавуваат комуналните проблеми и забелешки од работата на општината, беше објавена и снимка од рушењето на детското игралиште и паркот кое започна рано утрината.

 

ВО МОМЕНТОВ кај Тобако 2 почна да се урива паркот и земјиштето да се припрема за градба на објект со 250 станови. Златко Марин вака ли за позелен #Аеродром, ова ли е животот што го ветувавте со Зоран Заев!?

Posted by Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ on Friday, April 13, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This