УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА 31 СТРАНИЦА: Охридски и Преспански Договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија денес одбележува 17 години од Рамковниот договор кој требаше да стави крај на крвавиот воен конфликт од 2001 година кој траеше една година, но впрочем само ги продлабочи проблемите помеѓу Македонците и Албанците. Рамковниот договор го замени заедничкиот живот помеѓу сограѓаните од албанска и македонска етничка припадност со нова кованица, нов термин ,,соживот”, термин кој во самата етимологија означува нешто наметнато, страно и присилно.

 

Документот со кој целосно се промени ликот на државата, кој создаде основа за продлабочување на конфликтот помеѓу Македонците и Албанците во Охрид го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Гаранти пак на Рамковниот Договор беа специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју кои сега се попознати како дел од Охридската Група која дава поддршка и агитира за референдумот за промена на името на Македонија.

 

Охридскиот договор можеби ја ужива поддршката на партиите, но никогаш не ја доби поддршката на народот. Незадоволство има и кај Македонците како и Албанците, едните мислат дека се откажале од премногу, другите дека добиле премалку, а впрочем никој не доби ништо и се тапка во место. Политичарите особено од албанскиот блок и понатаму ги користат етничките прашања како главна тема за дефокус на нивните гласачи од вистинските проблеми и од нивната неспособност да ги решат истите.

 

Нелегитимното Собранието на Република Македонија во март годинава со 64 гласа „за“, без против и воздржани насилно се обиде да го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа. Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик). Да потсетиме дека се што предвидува овој закон е надвор од Уставот, а ги надминува и рамките на договореното со Рамковниот Договор.

 

Преспански Договор

 

Ќе ме прелажеш еднаш срам да ти е, ќе ме прелажеш втор пат срам да ми е! Повторно едните исти актери Пердујовци, Леотаровци лобираат, агитираат и притискаат, се обидуваат да ја дозавршат работата и дозакопаат Македонија. Одредбите од Охридскиот Договор се целосно исполнети, но никој во Македонија не живее подобро, а сега не убедуваат дека ни треба нов договор, овој пат потпишан во Преспа кој треба да не однесе во ветената земја, ЕУ и НАТО.

 

Во оваа кратка анализа нема да говорам за тоа дека со договорот од Преспа, Македонија го губи своето име, јазик, идентитет, култура, историја и се откажува од своето малцинство во соседството како и фактот дека дел од договорот се многу скриени, малициозни и штетни одредби. Во својата анализа ќе се задржам на тоа што договорот треба да донесе и која е целта.

 

Целта на договорот за македонската страна е отворање на ЕУ и НАТО перспективите, но во старт ова претставува погрешен заклучок ќе прашате зошто? Многу е едонставно, Македонија потпиша договор со Бугарија кој требаше да ја спречи бугарската блокада на Македонија во евроатланските интеграции, но за жал како и со Охридскиот Договор, наметнатите решенија не вродија со плод. Договорот со Бугарија отвори само нови начин како Бугарија да ја блокира Македонија, како во примерот со Илинденското востание кое Заев го нарече македонско, а потоа се извини на неговите браќа бугари, бидејќи Борисов му се закани со вето за членстовото на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

Замислете си сега хипотетичка ситуација каде некој иден македонски премиер со поцврста и помалку флексибилна кичма од Заев се одлучи дека некоја од одредбите на договорот е толку штетна(а сите се штетни), што тој ќе биде спремен да не почитува меѓународен договор. Во таква ситуација Грција има формалноправна можност да ја блокира Македонија во нејзините евроатлански интеграции, со што основната премиса на договор не се исполнува, а механизмите за блокада на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО само се зголемуваат.

 

Заклучок

 

Колку од вас имале проблеми со вашиот сосед Албанец? Колку од вас имале проблем со некој Грк на плажа? Има изолирани случаи, но статистиката е егзактна наука, статистички поголема шанса има да умрете од убод на пчела, отколку да имате проблем со вашиот сосед Албанец или некој Грк на краците. Тоа значи дека проблеми помеѓу народите нема, проблеми има помеѓу политичарите и желните за моќ. Пак ќе прашате зошто? Одговорот повторно е едноставен, раздели па владеј! Тоа значи дека во континуитет ,,меџународната”, создава вештачки конфликти, а потоа нуди катастрофални решенија за да ја продлабочи кризата и контролата над истата, а крајната цел е моќта и власта, власта над овие територии кои се дел од мапата на колонии на ,,Западната цивилзација”. Неоколонијализмот е во подем, а како да колонизираш држава која веќе има население, компании, колку толку развиена економија. Уништи ја економски, разорија со војна и понудии и неодржливо решение за секој пат кога  пак ќе има проблем да мора да се потпреш на нив, а за возврат од тебе ќе се бараат отстапки и предавање на дел од суверенитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This