April 24, 2024, 11:06 pm

УНХЦР издaдe пpeдyпpeдyвaњe дa нe ce cпpoвeдyвa вpaќaњe вo Aвгaниcтaн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, објави документ со кој предупредува да не се спроведуваат враќања во Авганистан и побара прекин на присилните враќања на авганистански државјани, вклучувајќи и баратели на азил чии барања за азил биле одбиени.

По брзото влошување на безбедносната состојба и состојбата со човековите права во големи делови од државата и отпочнувањето на хуманитарна вонредна состојба, УНХЦР ги повикува Државите да ги сопрат присилните враќања на авганистански државјани за кои претходно било одлучено дека немаат потреба од меѓународна заштита.

Од почетокот на годинава, повеќе од 550.000 Авганистанци внатрешно се раселени како резултат на конфликти и несигурност. И покрај тоа што цивилите досега само спорадично бегаа во помали бројки во државите кои граничат со Авганистан, ситуацијата продолжува брзо да се развива.

Со оглед на тоа што ситуацијата останува променлива и неизвесна, УНХЦР продолжува да повикува да се овозможи пристап до територија за цивилите кои бегаат од Авганистан и да се обезбеди почитување на принципот на невраќање во секое време – забраната да се враќаат луѓе во ситуации на опасност.

Државите имаат правна и морална одговорност да им дозволат на луѓето кои бегаат од Авганистан да побараат заштита, и да не враќаат бегалци присилно. УНХЦР ги поздравува скорешните постапки преземени од неколку држави привремено да ги сопрат депортациите на барателите на азил чие барање било одбиено.

Документот на УНХЦР против присилни враќања во Авганистан останува на сила сè додека условите поврзани со безбедноста, владеењето на правото и човековите права не бидат доволно подобрени во државата за да овозможат безбедни и достоинствени враќања.

УНХЦР останува загрижена за ризиците од кршење на човековите права на цивилите во овој контекст кој се развива, вклучувајќи ги жените и девојчињата, оние за кои се смета дека имаат сегашна или мината поврзаност со авганистанската влада, меѓународните организации или меѓународните воени сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This