УПАД НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ШТИПСКОТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЈЕ: Одземале надзорни камери, снимки и поднеле празна кривична пријава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не престанува злоупотребата на полицијата, која повеќе не е во служба на граѓаните туку во служба на партиските интереси на СДС и Зоран Заев, а под команда на Оливер Спасовски, по примерите на сојузна УДБА од најцрните времиња на Комунистичката партија на Македонија

Упадот на преку 30 полицајци во штипското јавно претпријатие од каде биле одземени надзорните камери, и снимките направени од надзорот на просториите, е само уште еден доказ дека во Македонија на власт е хунта, која како што ја превзема власта, така планира и да ја практицира. Со насилство, закани и уцени, а во договор со криминалното подземје.

Освен ова, полицијата редовно поднесува празни кривични пријави со една единствена цел, заплашување на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, но и на активистите на партијата.

Последна ваква злоупотреба се случила во Штип, каде вработени во јавните претпријатија без причина биле повикувани на информативни разговори, со цел вршење на притисоци и уцени.

Реагираа и од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Ова партиско злоупотребување на државните институции некако стана пракса за СДС од како ја презеде централната власт. Во врска со сите дезинформации кои и се презентирани на штипската јавност од страна на СДС ние како ВМРО ДПМНЕ ја предупредувавме јавноста дека ќе се случат. Имено на еден наш прес предупредивме дека полицијата вршела притисок врз вработените на Јавните штипски претпријатија , така што биле повикувани во полициска станица и заплашувани дека било сторено наводен криминал. Денешната кривична пријава е само доказ дека полицијата е алатка во рацете на така наречените ослободители на Македонија и со денешната кривична пријава се продолжува трендот на заплашување на кадри од ВМРО ДПМНЕ. Така се случуваше и со неоснованата кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев на ден пред изборите така е и со денешната кривична пријава која служи само за заплашување на народот бидејки знаат дека во Штип победува нашиот кандидат за градоначалник. Затоа уште еднаш ја охрабруваме штипската јавност да не верува на овие лажни и неосновани кривични пријави и во Недела да гласа за човекот кој знаат дека достоинствено и поштено работи за сите граѓани на Штип – велат од ВМРО-ДПМНЕ Штип.[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This