April 19, 2024, 12:32 pm

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА ШЕТАЧОТ КОКОЛАНОВ: Кога да го користиш употребениот политички „презерватив“, во функција на исмевање на сопствениот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сашо Кокаланов, своевремено познат како новинарот чиј врвен дострел беше функцијата портпарол во Агенцијата за млади и спорт во време на Бучковски, повторно си го заработува соросовите пари овојпат исмевајќи се со дипломатските мисии на Македонија низ светот

sashokokalanov

Промовирајќи го синдромот на „мало македонче“ со кое ќе се исмева и ќе биде циничен, Кокаланов активно го храни синдромот на пониска вредност кој веројатно го чувствува и сака да го шири како радијација после која секој кој ќе биде допрен од неа ќе се чувствува неважен и мизерен.
Ваквиот начин на пропаганда е карактеристика на сите непријатели на еден народ кои кога сакаат духовно да го убијат и обезвреднат тој народ му ги наметнуваат наративите како „македонче кое го чува кубурот за недај боже“, смислувајќи им легенди за настанокот на имињата како Трпе кој трпи, Трајче кој трае итн.

Таргет на Кокаланов овојпат е редовното соопштение какво што праќаат сите амбасади во Бразил за потенцијалните посетители на карневалот во Рио, со сите потребни информации кои жителите на одредена земја би ги интересирале. Исто како и сите дипломатски мисии во Бразил, и македонската испрати информативно соопштение со потребни контакти за нашите граѓани кои би го посетиле карневалот во Рио, доколку им притребаат.

Оваа редовна процедура се издава при секој помасовен настан или настан со одредена специфика во било која земја во светот. Па така и американската амбасада во Македонија издава информативни соопштенија за своите граѓани кои се во Македонија за време на големи собири, протести, прослави и слично. Меѓутоа тогаш Кокаланов и таквите како него ги нема да се исмеваат со таквите текстови дека се непотребни бидејќи „сигурно никој Американец не би бил луд да е во Македонија, кога може да оди насекаде низ светот“. Тогаш за ваквите соопштенија Кокаланов има само пофални зборови дека се нормална реакција на една странска амбасада, и дури и би се радувал на соопштение на американската амбасада со предупредување до нивните граѓани да внимаваат во Македонија бидејќи на улица Кокаланов и другарчињата вапсуват фасади и кршат споменици.

Тогаш сигурно Кокаланов би бил прво горд што е толку важен да реагира Америка предупредувајќи ги Амерканците во Македонија на безбедносниот ризик поради шареното дивеење, а второ би бил уште посреќен што Македонија во очите на Америка и светот е небезбедна земја – чисто во функција на неговите тези дека Македонците се мизерен народ кој нема пари и се депресивни што живеат тука.

Информативно, во Бразил има околу 5.000 Македонци, а се зголемува бројот на инженери кои работат во „силиконска долина“ во близина на Сао Паоло. Во Аргентина исто така според непотврдени проценки има десетици илјади Македонци, најголем дел од нив дојдени со миграциските движења во втората половина на минатиот век. Оние кои за дипломатските мисии знаат повеќе од тажниот Кокаланов знаат и за скопските евреи и инженерски колонии во Чиле.

Меѓутоа, иако Кокаланов своевремено вршеше и портпаролска функција во МНР во време на ВМРО-ДПМНЕ,тоа не му претставува пречка денес да има нула познавања за тематиката која ја обработува од суштински аспект, а раскошни познавања од цинизам, омаловажување и потенцирање на сликата за Македонците како мизерен народ.

Луѓето кои го познаваат велат не е воопшто чудно да се бори да стане и портпарол на мисијата на Македонија во Јужна Америка, имајќи го предвид неговиот омилен спорт – шетање од лево во десно и обратно, слободен стил. Своевремено велат дека во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ бил присутен дури и повеќе од тогашниот директор Шамбевски. Недолго потоа стана уредник на „Дневник“ каде и покрај поддршката од старите пријатели, неговиот раскошен талент не успеа да дојде до израз од објективни причини (криви му беа Македонците во Бразил) па реши да пишува за карневалите во Рио и да се исмева со Македонците, бидејќи не смее да пишува за карневалите во Струмица и маските кои таму паднаа.

Но, големите новинарски пера како Кокаланов имаат перде од евра на очите па така кога пишуваат за своите стопани во мегафоните на СДСМ/Сорос се интересираат најмногу за ланскиот снег, жолтите мрави од Кина и начините како да се исмеваме со Македонците, освен со тоа што политичките шефови на Кокаланов го прават со распродажбата на националните и државните интереси.

Но, како што се вели во соседството – тази дупка не е дупка.

Во оваа пригода, решивме да направиме упатство за употреба на Сашо Кокаланов, за да бидеме во зоната на неговиот врвен интерес во моментов – упатството за македонските граѓани кои ќе го посетат Карневалот во Рио

1. Ако Кокаланов го продлабочи гласот кога зборува, однесувај се како да зборува голелм филозоф кој има јаки аргументи

2. Кога кажува виц не го упатувај во Хихирику туку насмеј се. Не е лесно, но вложи напор.

3. Немој да бидеш успешен, Кокаланов не простува успех. Нема потреба да го нервираш.

4. Жали му се дека немаш пари. Туѓата мизерија ќе го направи посреќен, па ќе може со поведро срце да пишува колумни дека „македончето работи за 200 евра“, додека тамани хонорари од соросовите портали и сценаријата на трагичните серии и забавни шоуа кои би требало да се смешни и духовити, а се… поразлични од првично замисленото.

5. Лајкни му ја колумната во која плука без потреба, аргументи и факти, туку од чиста злоба – Кокаланов сака кога му лајкнуваш текст. Тогаш добива верификација на своите полупроизводи на тема „ланскиот снег во друга земја“ и се убедува се повеќе и повеќе дека тоа е важна тема, а не што неговиот политички водач го прави во неговата земја.

6. Не зборувај лошо за ЛГБТ заедницата во негово присуство. Не прашувај зошто.

7. Ако сретнеш кловн на карневалот во Струмица, поздрави го. Постои голема шанса да е Кокаланов.

8. Кажи му дека му е простено што во последната колумна Ахмети го нарекол дриблер. Може повторно да ги упразнува старите навики и да игра фластер на Роберт Поповски во Центарот за комуникации на СДСМ.

9. Што и да правиш, не заборавај: шетачот останува шетач

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This