April 24, 2024, 10:20 pm

УПОРНО ПРОДОЛЖУВА ДА ЛАЖЕ: Заев одбива да се извини за лажењето за „средбата“ со Трамп, и објаснува дека размениле по некоја реченица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во емисијата „360“ на Алсат ТВ не се извини за погрешно пренесените информации на неговиот профил на Твитер дека во Њујорк за време на генералното собрание на ОН имал средба со американскиот претседател Трамп на која што со него водел разговор.

Заев сега тврди сепак имало размена на мислења односно краток разговор со Трамп.

Премиерот во интервју за Алсат М тврди дека по разговорот или средбата, како што тој го нарекува краткиот контакт од претседателот трамп добил благодарност и со тоа завршил „настанот“ како што го нарекоа како владините медиумски експерти во извинувањето до јавноста без да навлезат во неговата содржина

Премиерот тврди дека целиот настан бил направен „достоинствено и како што доликува на сите“.

Сликањето на настанот од страна на министерот за надворешни работи Димитров го објаснува како многу нормално затоа што со него не бил „ниту еден од неговите асистенти во делот од советниците“.

Заев за „360“ тврди дека сите држави и премиери го прават истото а во македонскиот случај тоа било направено „за да може транспарентно пред граѓаните да кажеме дека еве имало настан на кој што е возвратена честитка  односно посакана среќа во делот на реформите, која што е една од сериозните теми овде во Обединетите нации“.

 

Иако на видеото објавено од кинеската државна агенција се гледа дека ракувањето трае помалку од две секунди и на него не можело да се искажат ни три збора ,  Заев во врска со тоа вели дека „било чесно како и другите кои што се ракувале со претседателот Трамп , да посака успешен старт на реформите на ОН“.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This