Управен попладнево ќе ги разгледува тужбите на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна попладне е закажана седница на Управниот суд на која ќе се разгледуваат тужбите поднесени од коалицијата предводена од СДСМ.

150147

Засега е најавено разгледување две тужби на СДСМ, едната е во 18 часот за одбиениот приговор од ДИК за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а во 18,30 часот за одбиениот приговор за избирачкотоместо 2025 во општина Теарце.

Петчлениот совет на судиите е составен од Весна Јовановска, претседател, Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски членови на Советот.

Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз поднесе четири тужби, а една поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Управниот суд има рок од 48 часа да постапува по овие тужби и рок од 24 часа одлуките да ги објави на веб страната на судот… Одлуката на Управниот суд е конечна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This