УПРАВЕН ЈА ПРИФАТИ ТУЖБАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има прегласување во Гостивар на избирачкото место на Фатиме Сулејмани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд го отфрли решението на ДИК за прегласување во Гостивар на избирачкото место на Фатиме Сулејмани од Гостивар, каде што беше спорно дали таа сакала да гласа два пати, или некој го фалсификувал нејзиниот потпис

glasanje_fatima

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Урп бр.517/2016

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите М-р Есма Алибашиќ Јонуз како претседател на советот, Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, М-р Тања Терзиева и Ељмедине Асани – членови на советот, со записничарот Роберт Јордев – судски соработник, решавајќи по тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, поднесена преку овластен претставник Емил Димитриев против Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, на јавната седница одржана на ден 20.12.2016 година, во присуство на претставникот на тужителот Александар Михајловски, согласно член 150 став 3 од Изборниот законик, донесе:

П Р Е С У Д А

Тужбата на тужителот Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната Изборна Комисија УП 1 10-487 од 16.12.2016 година СЕ ПРЕИНАЧУВА и СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, поднесен од подносителот на листа на кандидати – политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, согласно чл.147 став 3 алинеа 2 од Изборниот законик, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕУРЕДЕН.

О б р а з л о ж е н и е

Со Решението на Државната изборна комисија УП 1 10-487 од 18.12.2016 година, приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, се уважува и резултатите од гласањето по листите на кандидатите за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, на гласачкото место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, врз основа на чл 151 став 2 алинеја 6 од Изборниот законик, се поништуваат.

Незадоволен од донесената одлука, Коалицијата за предвремени избори на Пратеници 2016 година предводена од ВМРО ДПМНЕ преку овластен претставник Емил Димитров, поднесе тужба во законски предвидениот рок до Управниот суд преку Државната изборна комисија, со уредно овластување против Државната изборна комисија претставувана од Претседателот Александар Чичаковски со основ поништување на решение УП 1 10-487 од 16.12.2016 година, а врз основа на член 151 став 4 од Изборниот законик в.в. со член 46 став 1 од Правилникот за начинот и постапката на решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година. Тужителот во тужбата, донесеното решение од страна на Државната изборна комисија го оспорува како незаконито, поради повреди од формално правен аспект на одредбите на Изборниот законик и подзаконските акти, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.

Судот постапувајќи по тужбата на тужителот, а врз основа на списите по предметот, најде дека:

Тужбата на тужителот е основана.

Согласно член 147 став 3 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, бр.136/2008, бр.148/2008, бр.155/2008, бр.163/2008, бр.44/2011, бр.51/2011, бр.142/2011, бр.31/2013, бр.34/2013, бр.14/14, бр.30/14, 196/15, бр.35/16, бр.97/16 и бр.99/16), приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:

· место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува;
· име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник и
· електронско сандаче за прием на писмената.

Согласно член 5 став 1 точка 6 од Правилник за начинот и постапката за решевање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат потпис на подносителот на приговорот.

Согласно член 41 став 1 алинеа 1 од Правилникот, со решение приговорт се отфрла.

Согласно цитираните одредби од Изборниот законик и Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори бр.08-2931/1 од 04.11.2016 година на Државната изборна комисија, Судот од извршениот увид во Приговорот УП 1 10-487 од 13.12.2016 година, во оригинал, поднесен од подносителот на листа на кандидати политичка партија Движење Беса, за постапката на гласање во гласачкотот место број 0396/1, општина Гостивар, Изборна единица број 6, утврди дека приговорот не содржи потпис од подносителот на приговорот, односно на овластениот претстваник Блерим Сејди ниту електронско сандаче за прием на писмената што е спротивно на член 147 став 3 од Изборниот законик, поради што Државната Изборна Комисија погрешно го применила материјалното право, постапувајќи по приговорот, без потпис, кое нешто не е спорно ниту на тужениот орган ниту на тужителот, а е наведено во образложението на оспореното решение, дека приговорот не е потпишан.

Судот, согласно чл.150 став 2 и 3 од Изборниот законик, одлучи како во изреката на пресудата и одлуката ја донесе, едногласно со 5 гласа ,,ЗА”.

ПРЕСУДЕНО ВО УПРАВЕН СУД на 20.12.2016 година под УРП.бр.517/2016.

Записничар – судски соработник Претседател на совет – судија
Роберт Јордев М-р Есма Алибашиќ Јонуз

Пресудата да се достави на:

-тужител – Коалиција за предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубилка Македонија 2016 година, предводена од ВМРО – ДПМНЕ

-тужен орган – Државната Изборна Комисија

Претседател на совет – судија
М-р Есма Алибашиќ Јонуз

[/kopa_block_quote]

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This