УПРАВИТЕЛ НА ФИРМАТА Е КОЧO АНЃУШЕВ: Владата одобри пренос на концесија од мала хидроцентрала на Феро Инвест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Феро Инвест го збогати своето портфолио со нова мала хидроелектрична централа која произведува струја од обновливи извори на енергија по повластена тарифа со минатонеделна одлука на Владата за давање на согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање, пренесува Фокус

Владата му даде согласност на концесионерот, како носител на правото на концесија на вода за изградба на мала хидроелектрична централа за производство на електрична енергија добиена по основ на Договор за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи за производство на електрична енергија за пренос на 100 отсто од уделот на Феро Инвест.

Во меѓувреме, сите фирми кои имаат добиено лиценца, државата ги субвенционира со повластена тарифа, односно е должна да им ја откупи струјата за поскапа цена од пазарната. Малите хидроелектрани ја продаваат струјата по цена од 4,5 до 12 евроценти за киловатчас, а цената главно зависи од количината на испорачана енергија.

Управител на Феро Инвест е Кочо Анѓушев, кој повеќе не е вицепремиер за економски прашања по истекот на редовниот мандат од претходната Влада пред стапувањето на предизборната техничка власт. Тој беше на функција во Владата до 3 јануари, односно на 100 дена пред предвремените параментарни избори, а на негово место дојде Мила Царовска, дотогаш министерка за труд и социјална политика. Анѓушев рече дека му е доволно од политиката и повторно се врати како раководител на својата компанија.

Инаку Хидро Еко Инженеринг во 2013 ја доби дозволата за користење на повластена тарифа од обновливи извори на енергија, прво за фотонапонската централа во Соколарци, а потоа и за хидроелектричната централа во Пробиштип, која сега му ја отстапува на Феро Инвест.

Хидроелектроцентралата МХЕ „Зелен град“ има инсталирана моќност од 130 kW на водотекот на Зеленградска река во Пробиштип со планирано годишно производство на електрична енергија од 500.000 kWh со користење на повластените тарифи за одделните блокови, во зависност од испорачаната електрична енергија. Периодот на користење на повластените тарифи е 20 години.

Извор Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This