УПРАВНИОТ СУД ПОЧНА СО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ТУЖБИТЕ: Први на ред тужбите на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд вечерва разгледува две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

upraven-sud1
Од Управниот суд соопштија дека ќе бидат разгледани две тужби на СДСМ. Во 18 часот започна јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на ДИК, УП1.бр.10-493 од 17.12.2016 година. Потоа ќе се одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ УРП.бр.514/2016 за поништување на Решението на ДИК УП1.бр.10-490 од 17.12.2016 година.

Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Управниот суд има рок од 48 часа да постапува по овие тужби и рок од 24 часа одлуките да ги објави на веб-страницата на Судот, која е конечна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This