УПРАВНИТЕ СУДИИ СЕ СООЧЕНИ СО КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ: Секоја одлука спротивна на судската пракса значи и кривична одговорност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд треба да одлучува според Законот, секое негово непочитување повлекува кривична одговорност за судиите, коментираат познавачите на правото.

upraven-sud-2-640x392

Управниот суд денеска ги разгледа преостанатите три тужби на одлуките на ДИК, две поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и едната од ВМРО-ДПМНЕ.

Приговорите за кои што одлучува Управниот суд, согласно Законот е јасно дека треба да бидат отфрлени, затоа што не постои никакво загрозување на изборниот процес.

Приговорите се политички мотивирани, особено што во најголемиот дел од случаите станува збор за приговори за кои што претходно Судот во други постапки одлучувал и е воспоставена судска пракса.

Доколку сега судиите одлучат поинаку од судската пракса, тоа повлекува и криvична одговорност за самите управни судии, за што треба и самите да бидат свесни, коментираат познавачите.

Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Одлуки за овие две тужби Судот треба да ги донесе вечерва и да ги објави на својата веб-страницата.

Рокот за донесување на одлуките по тужбите кои беа разгледувани денеска истекува утре напладне, односно најдоцна 24 часа по расправата. Одлуките на Управниот суд се конечни. 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This