Уредете го сами сопствениот двор или градина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Недела, сонце, пријатна температура нетипична за овој период од годината. Доколку имате сопствен двор, доколку уживате во декорирање и уредување и доколку сте љубител на цвеќиња тогаш ви претставуваме неколку одлични идеи за декорирање на вашиот двор, одлично ќе му прилегаат, не претставуваат скапа инвестиција и воедно ќе обезбедат активно да се вклучите и да уживате во крајниот резултат. Верувајте тоа ќе го забележат и соседите, и сите гости кои ќе Ве посетат.

Еве неколку одлични идеи за уредување во стилот “Направи Сам” кои бараат неколку ресурси вклучувајќи го и вашето слободно време, инспирација и креативност.

Саксија за цвеќе – камења, песок, жица, растенија

Езерце – Потребни ресурси: тракторска гума, дебел повеќеслоен најлон, камења и прскалка.

Рачно направено поплочување на двор – Калапот можете да го направите во пластичарска работилница или пак да го изработите со метални цевки кои ќе ги споите со ссоодветен материјал. Плоќчките се прават со вода, цемент и каменчиња со средна големина и песок. Битно е подот каде што ќе се ставаат плочките да е добро тампониран со поситни камења со цел да се направи стабилна подлога за газење која воедно би спречила и кршење на плочките. Плочките правете ги една по една и додека сеуште не се досушиле во калапот поставете ги врз патеката. За да направите поголем број на плочки потребни се повеќе калапи нормално.На крај краевите од двете страни на пличките регурлирајте ги со правење на цементи лајсни кои ќе обезбедат стабилност на плочките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This