April 25, 2024, 11:27 am

УРЕДНИКОТ НА „ТЕЛМА“ ЗА РЕКЕТАРИТЕ: Обичен гангстерски полусвет кој им плукна в лице на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот и уредник на Телма, Атанас Кировски, кој учестввуаше во шарената револуција носејќи СЈО маичка, вели дека луѓето кои седумдесетина дена протестирале за поддршка на СЈО се брутално изманипулирани од еден „обичен ганкстерски полусвет“.

Апсењето на Боки 13 ја возбуди македонската јавност. Приказната што сега ни се одвива пред очи, не е судир на два криминални света, како што некои се обидуваат да релативизираат, туку, пред очи ни се одвива приказната за измамени граѓани кои со месеци талкаа по скопските улици барајќи правда.

Огромната поддршка што ја уживаше СЈО беше крик на граѓанството за правда во оваа бесконечна транзиција, и шанса корумпираните политички елити, да одговараат пред законот како и обичните граѓани. Сега се испоставува дека тие луѓе, нивната идеја, поддршка, секојдневни протести биле брутална манипулација од еден обичен гангстерски полусвет, кој позициите ги искористи не за да испорача правда – туку да ја злоупотребат позицијата за да ги рекетираат осомничените, во функција на лично богатење.

Оттука поразот, шокот, резигнацијата…..За граѓаните судирот со криминалот беше завршен и чекаа реализација на правдата и конечно функционирање на правната држава. Оние кои за тоа беа поставени, им плукнаа во лице на граѓаните, и покажаа дека не се ништо подобри од оние кои беа осомничени. Напротив! Несфталиво е што оваа власт се заигра со таков опскурен лик кој болната желба за популарност ја градеше по риалити шоуа во регионот, и наместо да се дистанцира од таа карикатурална појава, непринципиелно, често пати и во спротивност со законите го форсираше неговиот медиум. Има тука да се пишуваат стотици фермани за еден фрапантен аматеризам, ама тоа откако малку ќе ни помине болката во стомакот…, пишува Кировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This