April 20, 2024, 12:11 pm

УРЕД ЗА ЧИТАЊЕ МИСЛИ: Кинезите креираа уред кој може да ги преведе мозочните активности на човекот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инженери од корпорацијата „Чајна електроник“ и Универзитето Тианјин креираа чип наречен „Брејн токер“ кој може да ги чита активностите на човечкиот мозок и да ги преведе.

Програмерите се надеваат дека технологијата ќе има голема примена во здравството, образованието, безбедноста, па и во сферата на забавата.

Технологијата позната како мозок компјутер интерфејс теориски се развива веќе неколку децении.

Уредот беше промовиран минатиот месец на третиот годишен светски конгрес на разyзнавачки служби.

Директорот на Академијата за медицинско инженерство и транснационална медицина на Универзитетот во Тианјин објасни дека чипот функционира на тој начин што ги идентификува информациите кои ги генерира мозочната кора и ги дешифрира со што се овозможува комуникација меѓу мозокот и компјутерот.

Научниците објаснија дека работат на подобрување на функцијата на чипот за негова примена во медицината, каде се очекува да биде од голема помош за луѓето кои не можат да комуницираат.

Секако се очекува огромна примена и во новите генерации на игри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This