УРНЕБЕСЕН ОГЛАС: ЈА ПРОДАВА ВЕНЧАНИЦАТА ЗА ДА СОБЕРЕ ПАРИ ЗА РАЗВОД, НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ ШТО НАПИШАЛА ЗА НЕА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една беcна жена од Манчестер која сакала да остане анонимна на Фејсбук Маркетплејс објавила урнебеcен оглас. Таа решила да ја продаде својата венчаница, за да собере пари за развод од, нејзиниот сопруг за кого посочува дека е „патоло шки лажго“.

Беcната девојка ја продава својата чипкана венчаница, за да си го плати разводот
Таа својата венчаница ја ставила на оглас но она што ги насмеа сите е пораката која ја напишала над фотографијата. Беcната жена во описот на огласот напишала „Катаcтpофа“.

Инаку таа ја продава венчаницата за 450 фунти, а била купена 899 фунти. Венчаницата е украсена со чипка и има длабоко деколте во вид на срце. Хумуристичен е и моментот, дека напишала оти нејзиниот фустан е „подолг од нејзиниот брак“.

„Венчаницата е со големина 18, а би можела да одговара и на големина 14/16 и на неа не се правени никакви промени… За разлика од мојот живот“, напишала фpуcтpиpаната жена која моментално наводно е во нова врска, а одлучила да ја задржи за себе вистинската причина за разводот.Би препорачала да најдете добро хемиско чистење, за да се решите од сета ло ша сpеќа која доаѓа со неа“, пишува на огласот.

Жената веќе на профилот објавила неколку слики од елегантната венчаница, но ги замолила потенцијалните купувачи да не бараат од неа дополнителни фотографии, а причината за тоа е што не можела да ја гледа венчаницата.

„Оваа венчаница не можам да ја гледам исто како и мојот поранешен сопруг“, напишала таа.

Истакнала дека сите пари кои ќе ги добие од продажбата, планира да ги вложи во плаќање за ра3водот, а нејзината објава за само неколку часа е споделена повеќе од 4.000 пати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This