Човекот кој си нарачувал песни дека е дар од Бога, второ Сонце, татко, стрико, брат, чукун дедо на Струмица… после скоро 4 години апсолутна власт „ве плаши со Груевски“ преку официјален партиски спот на сдсм во кој има песна за Груевски која некој маалски пејач ја снимил за екс-премиерот (спотот е на фб и твитер кај Заев).
И сето тоа додека излегуваат се повеќе и повеќе докази дека цел партиски врв на власта е вмешан во мафијашки бандитизам, криминал, рекет и корупција. Тој сака да мислите дека сдсм е опозиција и „ве плаши“ со Груевски. Неговиот обиџуко најавува дека режим ќе рушеле. ВалдеРада молчи, бидејќи една слика е 1000 зборови. Но не, они сепак сметаат дека ако ви го прикажуваат НГ како бабарога, ќе се потресите и ќе им заборавите и простите се.
Ако не беше трагично, ќе беше помалку и смешно 🙂 ОЧАЈ.