March 19, 2024, 11:13 am

Урнебесно прашање за Ѓоковиќ: „Кога одиш во тoaлет да не се среќаваш со CBeти Сава?“ (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Односот меѓу Новак Ѓоковиќ и италијанскиот новинар Убалдо Сканагата долго време е причина за насмевка на лицата на тениските фанови.

Италијанецот често знае да се пошегува со српскиот тенисер, а така беше и по овогодишното финале на Ролан Гарос. Неговото прашање оваа година се однесуваше на паузата за тоалет, која се чини направи пресвртница во играта на 19-кратниот Грен слем победник.

„Новак, честитки за твојот неверојатен успех, немам зборови, само ќе кажам 84 турнири, 19 Грен слем трофеи, 35 победи во пет сета, се чини дека ништо и никој не може да ти застане на патот. Сакам да знам што се случува кога ќе одиш во тоалет. Затоа што замина таму и се врати при резултат 0-2 против Мусети и се појави нов играч. Ист беше случајот и против Беретини и против Надал. Денес Циципас изјави дека Ѓоковиќ бил различен играч кога се вратил на теренот по паузата… Дали се среќаваш со Свети Сава, големиот светец и заштитник на Србија или што е работата?“.

На тоа новиот шампион на турнирот во Париз одговори:

„Така е, моите ангели чувари се таму. Имам свое специјално катче, тоа е тајна, не можам да ја откријам таа тајна, се додека таа работи прилично добро во моја корист“.

За две недели започнува Вимблдон, каде Ѓоковиќ ќе атакува на нова титула. Останува да видиме дали некој ќе има одговор за него на терените во Лондон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This