УСВОЕНА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СИРИЈА: 30-дневен прекин на огнот, Русија побара САД да престанат со окупационите активности во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот за безбедност при Обединетите нации по долги преговори во неделата усвои резолуција со којашто се бара триесетдневно примирје во Сирија, за да се овозможи доставување на хуманитарна помош во кризните подрачја.

Одлуката е донесена во време кога седми ден по ред е бомбардирана Источна Гута, последното упориште на сунитските џихадисти и бунтовници во близина на Дамаск, кои одбија примирје и често ја користат близината до сириската престолнана за ракетирања и изведување самоубиствени напади. Изминатата седмица, според бунтовничките извори, во текот на бомбардирањата загинале околу петстотини лица.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш, во средата повика на итно запирање на тамошните „воени активности“.

Усвоениот текст кој стапува на сила „без одложување“ и кој беше менуван неколку пати бара „сите вклучени страни да ги запрат нападите“ во следните триесет дена. Целта на резолуцијата е да „овозможи доставување хуманитарна помош и медицинска евакуација на болните и најтешко повредените“. Покрај тоа, се повикува на прекинување на блокадите на местата Источна Гута, Јармук, ел-Фу и Кефраја.

„Ова не е договор за мир во Сирија, овој текст е исклучиво хуманитарен“, истакна Олаф Скоог, амбасадор на шведска која е коавтор на оваа резолуција со Кувајт. Посочи дека хуманитарните конвои и тимовите за евакуација се подготвени да тргнат.

Русија инсистира на тоа да се прекинат окупационите потези од САД во Сирија.

„Инсистираме на тоа што побрзо да се прекинат окупационите потези на таканаречената коалиција, што, покрај останатото, би имало и јасен хуманитарен ефект. Тоа би и овозможило на сириската влада да се посвети на обновување на нормалниот живот на сите територии ослободени од терорисите“, истакнува Небензја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This