April 26, 2024, 11:59 pm

Усвоен третиот нацрт-амандман за измена на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собраниската комисија за уставни прашања со мнозинство гласови го усвои текстот на третиот нацрт-амандман кој ја обврзува Македонија да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Според опозицијата, владата прави самопотценување на македонските граѓани.


Пратеници на мнозинството, иронизирајќи со обвинувањата на опозицијата, порачаа дека овој амандман ја спречува Македонија да и објави војна на Грција.

Дебатата беше фокусирана и на резултатот од референдумот, кој според мнозинството пратил јасна порака дека граѓаните се за членство во НАТО и ЕУ. Додека за опозицијата изходото од референдумот е шлаканица против Преспанскиот договор. Четвртиот амандман, чиј текст ќе се дискутира утре на следниот состанок на комисијата, се однесува на државата кон дијаспората и зачувувањето на културното и историското наследство на македонскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This