УСЛОВНА КАЗНА ЗА ЧАПАРОВСКИ: Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски е осуден на условна затворска казна од една година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски е осуден на условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапаровски кому му се судеше за поткуп, денеска во судот призна вина, по што набрзо беше изречена пресудата. Според пресудата, тој во следните две години нема да може да биде избран за директор.

Чапаровски во мај минатата година беше уапсен по пријава од родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал илјада евра за издавање потврда со која детето требало да замине на лекување во странство. Тогаш беше извршен претрес во неговата работна канцеларија, при што беа пронајдени и одземени 24.890 евра, 4.477 американски долари, 2.250 швајцарски франци, 65 австралиски долари, 170 хрватски куни, 60 бугарски лева и 4.700 денари, а при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени вкупно 9.750 евра и 10.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This