March 29, 2024, 10:29 am

УСПЕШЕН СТАРТ: Македонија тргна победнички на патот кон Хрватска

Поврзано

- Advertisement -

Со 27:21 сениорите дојдоа до очекуван триумф во квалификациите за ЕП 2018

Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

- Advertisement -

Македонија тргна со победа во квалификациите за ЕП 2018, но наиде на силен отпор од Украина. Првпат без Мојсовски и Миркуловски одговорноста мораше да ја преземат помладите кои покажаа дека во нив треба да се верува.

Отпорот на Украинците траеше во текот на сите 60 минути, но клучните моменти за правењето на разликата дојдоа на средината од првиот дел. Гостите имаа расположени голмани и тоа им помогна да останат во пристојна негатива, а на одмор Македонија имаше 13:10.

Второто полувреме беше одиграно на рутина. Предноста се чуваше искусно и не му беше дозволено на противникот да се доближи. Имаше тешки моменти и грешки, но тоа ќе биде предмет на анализа за стручниот штаб. Од вечерва најважно е тоа што Македонија тргна со победа.

Вообичаено Кире Лазаров беше најефикасен со 12 погодоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This