УСТАВЕН СУД ЈА ОДБИ ПРЕСТАВКАТА НА ГРАЃАНИТЕ: Багерите рестартирани – Утрово продолжи изградбата на висококатницата кај Мајчин дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово се рестартираа багерите за изградба на деветокатницата во Аеродром, кај Мајчин дом, ден откако Уставниот суд ја одби поднесената претставка за оценување на уставноста на донесениот ДУП за градска четврт И10, во кој влегува зелената површина претворена во градежна зона.

По пауза од неколку недели и граѓански протести, откако градењето беше времено стопирано откако инспекторите констатираа неправилности на градилиштето, утрово работниците пристигнаа на парцелата, а багерите го прекопуваа теренот.

Сопственикот на спорната парцела кај Мајчин дом, Фатмир Етеми вчера потврди дека ќе ја гради деветкатницата, која ја најавува како целосно енергетски ефикасна зграда, со вертикално и хоризонтално зеленило. Во соопштението од компанијата „ЗСФ-КОМ“, чиј сопственик е Етеми, се наведува дека во разговор со надлежните институции заклучено е дека нема начин да му се надомести штетата која е проценета на повеќе од осум милиони евра или да му се обезбеди заменска парцела со приближна вредност.

Општина Аеродром, пак,  соопшти дека е обврзана да ја почитува одлуката на Уставниот суд и се исцрпени сите механизми за да се стопира изградбата на објектот.

Инаку, аеродромци на неколку пати протестираа кога се носеше спорниот ДУП И10, а протестираа и изминатиов период против изградбата на висококатница, за која сметаат ќе влијае врз квалитетот на живот во општината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This