Уставен ја ykина зaбрaната за градење во Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставниот cуд денеска ја уkина одлуката за зaбрана за градба на територијата на Општина Центар и го отвори патот за градење на територија на општината каде ДУП-овите беа оспорени.

На веб-страницата на судот попладнево е објавено соопштение во кое се вели дека Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.03.2019 година и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот, означен во точката 1 од оваа одлука.

До денеска на сила беше времената мерка за укинување на мораториумот што Уставен ја донесе во декември лани.

Веднаш потоа Советот на Општина Центар ја прифати иницијативата на советничката Јана Белчева-Андреевска да се искористи законската можност за суспензија на плановите за градење.

Белчева-Андреевска се повика на членот 23 од новиот Закон за урбанистичко планирање.

„Донесувачот на планот (во случајот Општина Центар), одлуката за суспензија ја донесува врз основа на стручен елаборат за суспензија на применувањето на урбанистичкиот план, негови делови или плански одредби, изработен од комисијата за урбанизам од членот 38 од овој закон, а по претходно добиено мислење од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот, кое се издава во рок од 15 работни дена по приемот на стручниот елаборат и барањето за мислење“, пишува во ставот 26 од членот 23.

Со ова повеќе не важи забраната за градење и инвеститорите може да бараат дозвола за градба.

На крајот на 2017 година Општина Центар прогласи мораториум на вкупно 31 детален урбанистички план. Чекорот значеше забрана за нови одобренија за градба сѐ додека не се „испеглаат“ старите планови, согласно законите и Генералниот план на градот. Градежните компании се пожалија пред Уставниот суд, но иако спорот почна неповолно за локалната власт, Центар го задржа мораториумот.

Оваа иницијативата е поднесена од двајца граѓани од Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This