УСТАВНИОТ СУД ГО ОДЗЕМА ПРАВОТО ЗА РЕФЕРЕНДУМ: Ќе се укинува обврската за референдум за членство во НАТО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во членот 120 од Уставот е утврдена постапката за пристапување на Македонија во сојуз на држави и за истапување на Македонија од сојуз на држави. Имено, “Предлог за стапување во сојуз или заедница со други држави или истапување од сојуз или заедница со други држави можат да поднесат претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници. Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена, ако на референдум за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.“

Во членот 121, пак, од Уставот е утврдена постапката за членство на Македонија во меѓународни организации. Имено, “Одлука за стапување во членство или за истапување од членство во меѓународни организации донесува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници по предлог од претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници.“

Значи, за пристапување на државата Македонија во сојуз на држави потребен е референдум на кој треба да гласаат мнозинството од вкупниот број избирачи, а за членство во меѓународни организации потребно е само мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието.

Во согласност со членот 120 од Уставот, одлуката за пристапување на Македонија во сојуз со НАТО и Европската Унија би требало да се смета за усвоена ако на референдум за неа гласаат мнозинството (916.323) од вкупниот број избирачи (1.832.644), претходно донесена со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), а по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 40 пратеници!

За жал, на 23 декември 1993 година, наместо во согласност со членот 120 од Уставот, Собранието донесе одлука за членство на Македонија во НАТО во согласност со членот 121 од Уставот. Собранието ја сметало НАТО за меѓународна организација, а не за сојуз на држави и во одлучувањето за членство постапило по несоодветна постапка.

На 30 август 2017 година Светскиот Македонски Конгрес поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за стапување на Република Македониа во членство во Северно-атлантската договорна организација – НАТО, со решение за времена мерка до нејзино поништување, но Уставниот суд до денес се уште молчи.

Имајќи предвид дека Уставниот суд е политички суд, кој работи на ало-врски со Владата, очигледно е дека кај уставните судии нема расположение за референдум за членство на Македонија во НАТО и Уставниот суд, како вообичаена пракса, иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес ја чува во фиока, не ја процесуира, вршејќи флагрантно кршење на правата и слободите утврдени со Уставот!

Дали уставните судии чувствуват одговорност за непостапување и за судење во неразумен рок, флагрантно кршејќи ги правата и слободите?

Пишува
Тодор Петров

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This