April 19, 2024, 12:13 pm

УСТАВНИОТ СУД НА ПОТЕГ: Клучен ден за локалните избори и за земјоделските субвенции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од уставните судии се бара актуелните градоначалници да останат до изборот на нови.
ustaven-sud-1_201651894448-103267

Уставниот суд денеска ќе одржи седница по која ќе биде познато кога ќе се одржат локалните избори. До Судот се пристигнати и две иницијативи, од Министерството за локална самоуправа и одСветскиот македонски конгрес на Тодор Петров.

Во суштина, во двете иницијативи се бара актуелните градоначалници да останат до изборот на нови. Мандатот на актуелните им завршува на 15 мај, а што ќе се случува потоа никој не може да предвиди.Општините ќе бидат блокирани и нема да можат да се исплаќаат плати за вработените, за наставниците, за јавните претпријатија…

Во иницијативата на Министерство за локална самоуправа се бара да се преиспита уставноста на спорните членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа, кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и на советите. Таму стои дека тие се со мандат од четири години, но не е прецизирано што би се случило доколку не бидат распишани нови избори, како што е случај сега.

Тодор Петров од СМК бара и поништување на рокот за одржување на локалните избори, кој е определен во членот 16, став 1 од Изборниот законик, според кој изборите се одржуваат во правата половина на мај. Се бара тој термин Уставниот суд да го поништи, а Собранието да утврди нов.

Покрај за локалните избори, Уставниот суд треба да одлучи и за исплатата на земјоделските субвенции.

Уставниот суд треба да се произнесе за иницијативата поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“. Здружението го оспори членот од Изборниот законик со кој се забранува исплата на субвенции до формирање на новата влада.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This