April 27, 2024, 12:27 am

УСТАВНИОТ СУД ЈА ПРИФАТИ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА: Платите на Анѓушев, Шеќеринска, Спасовски, Османи и Лика мора да се намалат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставниот суд на РМ ја извести јавноста дека, по однос на иницијативата поднесена од Левица, донесе одлука со која се укинува членот 14 во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, соопштија од партијата.

„Со оваа одлука на Уставниот суд платите на т.н. потпретседатели на Владата се усогласени со уставните одредби и наместо нивната висина да се утврдува по коефициент 4,00 од просечната плата, таа ќе се утврдува по коефициент 3,70, како и за останатите министри. На овој начин од Буџетот на РМ ќе се заштедат околу 10.000 евра годишно.

Цели 27 години т.н. потпретседатели на Владата и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, и од ДУИ и ДПА, иако беа свесни дека Уставот на РМ не ја познава функцијата потпретседател на Владата, молчеа околу ова и не бараа промена на одредбите на соодветниот закон. Зашто, без разлика колку е мала разликата во платата, тоа одеше во нивна корист.

Левица е категорично против политиките на осиромашување на обичниот народ што ги спроведуваат политичките елити на власт и против нивното расфрлање со народните пари. Народот нема да беше толку сиромашен ако го немаше ова расфрлање и ако политиките се водеа во насока на намалување, а не зголемување на сиромаштијата. Левица ја поздравува одлуката на Уставниот суд и ќе продолжи да се бори за интересите на работниците, сиромашните и обесправените и против злоупотребите и привилегиите на елитите на власт.

Целиот текст на Одлуката на Уставниот суд може да го прочитате на следниот линк.

Ја информираме јавноста и дека во постапка пред Уставниот суд е уште една иницијатива поднесена од Левица, со која се оспорува уставноста на т.н. нормиран учинок во Законот за минимална плата, а преку кој властодршците сакаат да им овозможат на газдите уште еден начин за заобиколување на исплатата на минималната плата“, стои во соопштението од Левица.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This