УСТАВНИОТ ЌЕ МОРА ДА ОДЛУЧУВА ПО ИНИЦИЈАТИВАТА: Талат Џафери е „избран“ противуставно, судот ќе мора да одлучи и да ја поништи одлуката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката за изборот на Талат Џафери е објавена во Службен весник, но како што е објавена, така може да биде и повлечена, вели во гостувањето во Поенти на ТВ Нова претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.
todor_petrov_nova
-Денес поднесов иницијатива до Уставниот суд и сметам дека сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за поништување на одлуката за избор на претседател на Собранието, Талат Џафери нема никаков легитимитет лажно да се претставува како претседател на Собранието бидејќи неговиот, јас не велам избор, прокламација на неопределен број пратеници е извршен во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, изјави Петров.

Тој потенцираше дека се прекршени процедурата за избор на претседател, четири одредби од Уставот, седум одредби од Законот за Собранието и 30 одредби од Деловникот за работа на Собранието.

-Таа прокламација е извршена со пет кривични дела од кривичниот законик, за што јавниот обвинител треба да си ги преземе своите овластувања против сторителите на тие кривични дела, рече Петров.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This