April 18, 2024, 10:26 pm

УСТАВНИОТ CУД ПОТВРДИ: Владата не може со уредба изворно, оригинерно да нормира нова ситуација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што јас од почеток го велам и пишувам во врска со уредбата со законска сила за прашањата поврзани со изборниот процес го потврди и Уставниот cyд во одлуката со која ја пoништи уредбата за надоместоците на вработените во јавниот сектор, пишува на ФБ проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска.

“Уредбите со законска сила можат да бидат донесени само во функција на ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРАЊЕ на уставните и законските одредби, а не со истите изворно, оригинерно да се нормира одредена ситуација што не е предвидена со Уставот или со закон” – смета Уставниот суд.

Во Изборниот законик никаде не е предвидено дејствие запирање, замрзнување, престанување на избори, на изборни дејствија, како што е уредено со уредбата што значи владата изворно, оригинерно нормирала нова ситуација што не е дозволено според мислењето на Уставниот суд, пишува Каракамишева-Јовановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This