УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ НАДВОР ОД ФОКУСОТ НА ЈАВНОСТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По барањето и добивањето политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски, апсењето на Јордан Камчев како и Сашо Мијалков, македонската јавност целосно е дефокусирана од уставните измени.
Но дека агендата за целосно имплементирање на Преспанскиот договор се движи по предвиденото, објави Талат Џафери.

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот. – рече Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.

Во обраќањето испишано на шест страници, Џафери не се осврна на минатото, на Самитот на НАТО во Букурешт кога земјава беше блокирана и не стана полноправна членка на НАТО, иако тогаш, заедно со Албанија и Хрватска ги исполни условите за прием.

Подвлече дека сака да зборува за сегашноста и притоа се фокусира на Преспанскиот договор и неговата имплементација.

Информираше дека во Собранието почна постапката за промена на Уставот и дека Уставната комисија ја заврши дебатата по амандманите доставени од Владата кои, пак, се проследени на натамошна процедура пропишана со Деловникот.

Следна фаза е широка јавна расправа по нацрт амандманите во која ќе учествуваат најразлични општествени субјекти од академската и експертската јавност, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Но, не би сакал да ве оптоварувам со процедурите, само сакам да ве запознаам со еден многу значаен факт а тоа е дека, за почнување на постапката за уставни промени, покрај парламентарното мнозинство гласеше и дел од опозицијата, бидејќи во моментов поголем дел од опозицијата се уште не го поддржува договорот со соседна Грција.

Ситуацијата не се разликува ниту во Атина меѓутоа, со одминување на секој ден, се чувствува промената во перцепцијата на овој нов момент во развојот на нашата млада држава, и јас верувам дека прогресивните, визионерските и вистинските родољуби ќе го направат вистинскиот потег за понатамошен сигурен напредок на Република Македонија и на крај, кога ќе треба амандманите да се усвојат во Собранието и да станат составен дел на Уставот, можеби нема да имаме целосен консензус меѓутоа, голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени. – нагласи Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This