УСТАВОТ ОТВОРЕН КО ПУПКА: Османи бара Охридскиот Рамковен договор да стане дел од Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамковниот договор е дел од македонскиот Устав, инклузивноста е важна но не смееме со своите амбиции да го запреме процесот, прашањето допрва ќе се разговара на потпретседателско ниво – премиерот Заев му „одговори“ на вицепремиерот Османи откако тој јавно порача дека Охридскиот договор треба да биде споменат во Преамбулата со новите уставни измени.

Вицепремиерот Бујар Османи пак порачува легитимно било да се бара правата на албанците да бидат дел од амандманските измени, бидејќи и онака Охридскиот договор бил еден од конститутивните документи на Уставот, кои се клучни во Преамбулата на највисокиот правен акт.

-Во Преспанскиот договор е предвидено прецизирање на АСНОМ со дефинирање на Прогласот како основен документ. Ние сметаме дека при дефинирање на конститутивните документи на државата е логичен след на чекори, што не е барање само на Албанците, туку на сите политички партии во државата, бидејќи Охридскиот рамковен договор е вклопен во Уставот со амандмани, само што не е споменат како документ. Логично е за да има една целина на конститутивните елементи на државата хронолошки да се Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор, рече Османи.

За различните изјави на владините функционери, премиерот одбегнува да одговори дали постојат разидувања во коалицијата, вели секој може да има свој аспект и видување на работите.

Токму рамката од Охрид која значеше и крај на неколкумесечниот воен конфликт пред само два месеца актуелната власт ја искористи како мост до Брисел, па 17-годишнината ја прикажуваа како големо достигнување во однос на правата и положбата на Албанците. Сега пак, албанскиот политички блок притиска нивните барања за албанскиот јазик и државотворноста да се искористи со отворање на Уставот, како шанса која не треба да се пропушти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This