УСУЛ ДА СЕ НЕМА ВО ЛАЖЕЊЕТО: Заев не се сретнал ниту со италијанскиот амбасадор, ниту со конзулот, туку со конзуларниот кореспондент!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалдемократскиот сојуз бара извинување од „Дневник“ обвинувајќи го весникот дека дрско и безобразно лаже во текст објавен пред 4 дена, во кој стои оти лидерот на партијата, Зоран Заев, побара и доби одложување на рочиштето за „Поткуп“ (случајот познат како едно евро за Вицето) поради средба со конзулот на италијанската амбасада во земјата, Филипо Kандела.

3d1568ec63c1d14e83a883e4a8576ed3

Во соопштението до медиумите СДСМ тврди дека авторот на текстот прави конструкции и лаже за средбата на претседателот Заев со дипломат од италијанската амбасада која воопшто не се случила.

Според СДСМ, Заев не се сретнал со конзулот на амбасадата, туку со извесен конзуларен коресподент, чие име не се наведува.

– Kатегорично демантираме дека претседателот Заев се сретнал со господинот Филипо Kандела, заменик-амбасадор во италијанската амбасада, како што се лаже во текстот.

Повторуваме дека е остварена средба на претседателот Заев со италијанскиот конзуларен коресподент и со никој друг од италијанската амбасада. Тенденциозноста на текстот на новинарката Искра Kоровешовска е посебно видлива ако се земе предвид дека претседателот Заев пет дена пред овој измислен текст јавно соопшти дека е остварена средба со италијанскиот конзуларен коресподент – се вели во соопштението.

Завршува со заканата дека доколку весникот не се извини, ќе следуваат тужби за изнесените лаги и измислици, но и со стандардните лажни и веќе досадни клеветнички политички оценки на СДСМ дека овој текст е продолжување на штетата што на Република Македонија ~ ја нанесува Никола Груевски со атаката врз амбасадорите во земјата.

Зошто всушност десетти пат се одложи „Поткуп“?

За увидување на вистината „Дневник“ хронолошки ја претставува серијата оправдувања на лидерот на СДСМ, односно преправки и премислувања во врска со тоа со кого всушност се сретнал, како причина што судењето за „Поткуп“ не можеше да почне и десетти пат.

Имено, на 20 декември рочиштето не се одржа оти Заев побара одложување објаснувајќи дека има закажано средба со италијанскиот амбасадор во Македонија. За ова „Дневник“ доби потврда од Kривичниот суд, од каде што на прашањето на „Дневник“ дали навистина рочиштето е одложено поради средба на Заев со италијанскиот амбасадор, ни рекоа дека ова е внесено во записник.

– Такво барање на судијата беше јавно кажано и тоа е внесено во записникот. Потребно е тој да достави доказ од кој ќе се види дека имало средба и дека тоа било издржана причина поради која се барало одлагање. На судијата е да процени дали дадениот доказ е адекватен. Тоа ќе може да го оцени дури кога ќе му биде приложен таков доказ – ни изјавија од Основниот суд Скопје 1 на 21 декември.

Но, наводната средба испадна лага кога самиот амбасадор Kарло Ромео на „Твитер“ напиша оти немал средба со никого и секоја поинаква информација е целосно неточна.

По демантот на Ромео, Заев во изјава пред медиумите се оправда дека всушност до последен момент не можел да ја потврди средбата со амбасадорот и оти всушност се видел со конзуларниот претставник.

– Поради тоа што судскиот процес се одложуваше двапати, не можев да ја потврдам средбата со италијанскиот амбасадор и се оствари средба со италијанскиот конзуларен претставник или репрезент за она за што разговараме со сите амбасадори – рече Заев.

Има ли име т.н. конзуларен коресподент?

На денот на закажаното рочиште Заев писмено го известил судот дека во истиот термин со рочиштето има средба со претставник од италијанската амбасада, односно со конзулот. Во известувањето до судот, до кое дојдоа медиумите, не пишува конзуларен коресподент, ами конзул, а ваквата функција во амбасадата му е доделена на Филипо Kандела, што може да се провери на официјалната интернет-страница на дипломатското претставништво.

Значи, кусо кажано, рочиштето се одложуваше, прво, поради средба со амбасадорот Kарло Ромео, па кога се откри дека тоа не вистина, односно дека е лага (дали СДСМ се извини на јавноста за оваа лага?), па потоа поради средба со конзулот, ама сега „Дневник“ лаже оти конзулот не бил конзул, туку безимен конзуларен коресподент. Така доаѓаме и до овој заканувачки демант до „Дневник“.

„Дневник“ и официјално се обрати до италијанската амбасада за да добиеме одговор со кого Заев остварил средба на 20 декември и во кои простории, а во очекување на одговорот не се исклучува можноста првиот човек на партијата да се произнесе дека не станува збор ниту за конзуларниот коресподент, ами за секретарот, обезбедувањето, лицето за односи со јавност итн. во амбасадата.

Со други зборови, СДСМ демантира сопствени деманти, а го обвинува „Дневник“ дека лаже и манипулира. Секако, по низата себедемантирања, дилемите остануваат:

Зошто СДСМ не го наведе името на лицето со кое Заев се сретнал? Зошто италијанската амбасада не ги демантира информациите за Kандела, туку на тој чекор се одлучи СДСМ? Од кога состанок со конзуларен коресподент е причина за одлагање важно судско рочиште? И од кога тоа конзуларни претставници во некоја амбасада (кои немаат никаква врска со политиката на земјата што ја претставува амбасадата) се среќаваат со лидери на политички партии?

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This