УТРЕ Е ВЕЛИКА САБОТА: Се прават последните подготовки за празникот, вечерта пред одење во црква

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Велика Сабота во текот на денот се прават последните подготовки за празникот, а вечерта се очекува долгоочекуваниот празник.

Својата проповед за небесното царство, т.е. за блажениот, спокоен и радосен живот, Христос ја започна на свои 30 години и проповедаше 3 години. Но, како Бог тој не замолкна како што секој човек замолкнува со својата смрт, туку и вистински мртов како човек продолжуваше да проповеда на оние што од почетокот на времето и човечкиот род умреа од бодилото на смртта. Велика Сабота е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение.

Во Радовиш, како што запишала Зорка Делиниколова на Велика Сабота имало голем пазар. Селаните од сите околни села доаѓаат на пазар во градот носејќи со себе многу стока за празникот.

За Велигден секој (и најбедните) купуваат јагне или повеќе месо од кое приготвуваат разни јадења. Работата околу приготвувањето на велиденските јадења ја извршуваат жените, кои понекогаш од многу работа не легнуваат до полноќ.

Околу полноќ, пред 12 часот, домаќинката ги разбудува сите домашни за во црква. На сите однапред им дава по едно јајце, свеќа, по едно зелено гранче или цвеќенце. Секој брза да дојде прв во црквата за да ја запали понапред од другите својата свеќа од попот, зашто таа свеќа ја носат дома и од неа си го запалуваат оганот. Откога сите ќе ги запалат свеќите го чекаат попот и заедно со него пеејќи ја песната „Христос воскресе“ излегуваат на западната врата од црквата и свртуваат три пати околу неа.

Потоа постарите остануваат во црквата за големата литургија и на крајот се причестуваат. Помераклиите се к’цаат во црквата со јајцата и уште веднаш се омрсуваат со нив. Додека трае литургијата обичај е да се отиде на гробишта каде се запалува свеќа со велигденската, оставаат црвено јајце и им се кажува на мртвите дека дошол Велигден.

Марко Китевски за МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This