УТРЕ Е СПАСОВДЕН: За овој празник се врзани многу верувања и суеверија кои сѐ уште се почитуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православните верници утре, 28 мај, го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се koлеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крcт и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрkа лошите дeмони.

Во некои краеви жените и децата не се мијат на овој ден, додека мажите не се бричат.

Девојките денеска треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This