УТРЕ Е СТРОГ ПОСТ: Еве што треба да правите на Водокрст!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре се празнува големиот Христијански празник, Водокрст. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

Зимскиот Водокрст никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление.

Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Водокрст и на Богојавление се осветува вода.

Светата вода од Водокрст се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата.

Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление.

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, „Вистина се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави“, „Вистина се јави“.

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This