Утре е CBeта Петка- денот кога се случуваат чуда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре, на 8-ми август се празнува Св. Петка- летна позната и како Св. Параскева и како Мајка Параскева) — светителка од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.

Кога св. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и умрела во 11 век. Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка, по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта. Кога поминале многу години од нејзината смрт, во градот требало да се погреба некој непознат давеник. Бидејќи бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб, забележале дека нејзиното тело не е распаднато, се зачудиле, но помислиле: Ако ова тело е свето, Бог тоа ќе го открие преку некакви чуда. Со таа мисла, тие повторно го затрупале гробот.

Ноќта, еден од работниците што учествувал на погребот по име Георгиј, на сон видел некоја царица седната на пресветол трон и окружена со светли војници. Еден од војниците му се доближил, го фатил за рака и му рекол: Георгиј, зошто така го омаловаживте телото на преподобна Параскева и крај неа погребавте смрдлив труп. Потоа и светлата царица му рекла: „Побрзај и извади ги моите мошти и положи ги на чесно место, зашто не можам повеќе да ја трпам смрдеата од оној труп.

Зашто и јас сум човек, а моја татковина е Епиват, каде што вие сега живеете.” Таа ноќ ист сон сонувала и некоја благочестива жена по име Ефтимија. Утредента тие двајцата ги раскажале своите виденија на сите. Кога тоа го слушнал благочестивиот народ, со свеќи побрзале кон моштите на преподобна Параскева, и со стравопочит ги извадиле од земјата, радувајќи се како на скапоцено богатство. Светите мошти свечено биле положени во црквата „Св. Петар и Павле”, во Епиват. По молитвите на преподобната Параскева се давале многу исцеленија на болните: слепи – прогледувале, куци – проодувале, секакви болни и демоноопседнати добивале здравје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This