April 27, 2024, 12:08 am

УТРЕ ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УЛИЦИ: Посебен режим на сообраќај во делови од Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре (09.06.) во времето од 08:30 часот до 12:30 часот, во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“ кој започнува со пливање во базенот „Карпош“, потоа продолжува со возење велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде се започнува со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

Од тие причини Одделението за бeзбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 07:30 до 12:30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ при што за сообраќај ќе биде затворена само коловозната лента во насока на движење од „Мида моторс“ кон населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This