Утре посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски”, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на ул.„Александар Урдаревски”.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска”, а на гробиштата „Камник” по ул.„Јужноморавски бригади” и ул.„Роман Каскалиевиќ”.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This