Утре почнува вакцинацијата низ цела ЕУ, има доволно вакцини за сите граѓани на унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати видеопорака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ 27.

Денеска е ден на испорака, а утре ќе почнеме со вакцинирање низ цела ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лајен нагласи дека ЕУ набавила доволно вакцини за 450 милиони нејзини граѓани и оти во исто време им се достапни на сите членки на ЕУ.

Според неа, европските денови на вакцинација, од 27 до 29 декември, ќе бидат емотивен момент на единство и европски успех.

Вакцинацијата ќе ни помогне постепено да се вратиме во нормалниот живот. Кога ќе се вакцинираат доволно луѓе, ќе можеме повторно да патуваме, да се среќаваме со пријателите и семејството и да имаме нормални празници, истакна фон дер Лајен.

Таа предупреди дека дотогаш сите мора да останат внимателни за да се заштитат себе си и другите од вирусот.

Ајде сите заедно да останеме безбедни и 2021 година да ја направиме година на европско закрепнување и надеж, рече фон дер Лајен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This