УТРЕ ПРОТЕСТ ПРЕД МАНУ: Македонскиот народ ќе бара поништување на срамната спогодба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на утрешниот ден во 10 часот ќе се одржи протест пред МАНУ против како што се вели срамната спогодба со Грција Организатори се Здружението на граѓани Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствен и возвишено живеење “ПРЕРОДБА”, ДВИЖЕЊЕ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА (на носителите и бранителите на државниот суверенитет),Движењето за цивилизациски вредности, заедно со Македонскиот народ, граѓаните и творците и сите родољуби и родољубни здруженија. Во целост ви го пренесуваме нивното соопштение.

Ве известуваме дека на 11-ти септември 2018 година (Вторник), во 10.00 часот, пред МАНУ, ние, Македонскиот народ, македонските творци, македонските носители и бранители на државниот суверенитет, ќе го започнеме протестниот собир против и за поништување на Спогодбата од Преспа, а по повод Научната расправа во организација на МАНУ: „СПОГОДБАТА ОД ПРЕСПА: МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

БАРАМЕ МОРАТОРИУМ НА ЕДНОСТРАНОТО ПОЛИТИКАНТСКО РЕШАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАШАЊА!

Наместо да ја бранат Спогодбата, МАНУ и академиците да ја заштитуваат и да ја афирмираат автентичната македонска наука, уметност, творештво, вредности и придобивки, кои се поништуваат со срамната Спогодба од Преспа и да ги заштитат името на Република Македонија, Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Затоа, на МАНУ и на другите институции ќе им биде доставена Декларацијата на Македонскиот народ за неговите црвени линии и Стратегија за Зачувување на Името на Република Македонија, и на Македонскиот Идентитет, Јазик, Историја и Култура.

А, НЕЛЕГИТИМНАТА ВЛАСТ да си даде неотповиклива ОСТАВКА, за што е веќе истечен рокот од 48 часа, кој и беше даден од нашето протестно-бојкотирачко чествување на Денот на независноста, пред Собранието на РМ, поради тоа што оваа власт ја прави државата зависна од разни фактори, што й го руши легитимитетот, дигнитетот, независноста, суверенитетот и сите особености на незвисна држава и за да не причинува понатамошни штети на државата и за нејзината независност.

Со оглед на тоа што таа не си даде оставка, продолжуваме да постапуваме по оперативниот план и стратегија со сите мирољубиви, дозволени, ненасилни и демократски средства, сè до поднесувањето на оставката.
Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив, достоинствен, народен цивилизиран собир, ќе упатиме апел до граѓаните своето народно, граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизирано и секој граѓанин учесник во овој народен собир, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите. За евентуални злоупотреби на народниот собир и на народот, од страна на трети лица, одговорноста ќе ја сносат тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This